Снимка од уривањето на „невидливот“ Ф-35Ц во Јужното Кинеско Море


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако претходно оваа недела беше објавена информацијата дека во Јужното Кинеско Море се сруши еден примерок од борбениот авион на американска морнарица Ф-35Ц, сега се појавија и фотографии и снимка од таа несреќа.

Ф-35Ц, едномоторен „стелт“ ловец и најновиот борбен авион на американската воена морнарица, се урна на носачот на авиони УСС Карл Винстон за време на рутинска операција во понеделникот.

Воениот авион вреден 100 милиони долари удрил во палубата на носачот на авиони од 100.000 тони, а потоа паднал во водата кога неговиот пилот се катапултирал, соопшти американската морнарица. Пилотот и шест морнари на носачот се повредени.

Портпаролот на Седмата флота на американската морнарица кажа вчера дека истрагата за инцидентот продолжува, а потврди дека фотографиите од авионот кои се појавија на социјалните мрежи се автентични.

„Командата на бродот процени дека видеото и фотографиите кои медиумите ги пренесоа се снимени на УСС Карл Винстон за време на падот“, кажа портпаролот.

На фотографиите се гледа „невидливиот“ ловец како плови на површината на Јужното Кинеско Море додека неговиот кокпит е отворен и недостига пилотското седиште.

На снимката се гледа како Ф-35Ц се приближува на носачот на авион, но снимката прекинува пред авионот да удри во палубата.

Ф-35Ц има некои од најнапредните технологии на американската војска, а аналитичарите сметаат дека Вашингтон ќе направи сè да спречи тој да падне во рацете на Пекинг.