Home Актуелно Сончева недела

Сончева недела

Претпоследниот јануарски ден времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Во источните делови повремено ќе биде значително облачно, а кон крајот на денот во североисточните ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Под влијание на влажен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и во вторник и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне, информираат од УХМР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…