Снимка од моментот кога се сруши станбената зграда на Флорида


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во трагедија која се случи во Мајами бич, американската држава Флорида, се сруши дел од станбен објект со 136 станови. Според досегашните податоци најмалку едно лице загина, а десет се пренесени во болница.

Објектот се сруши среде ноќ и 80 пожарникарски единици биле испратени на местото на настанот. Не е познато колку луѓе имало во зградата, но локалните медиуми јавуваат дека под урнатините се слушале крици.

Потврдена е смртта на едно лице, а досега од урнатините се спасени околу 40 лица. Меѓу нив и едно момче. 100 лица засега се водат за исчезнати.

Гувернерот на Флорида, Рон Десантис изјави дека во соработка со Црвениот крст е организирано привремено сместување за сите оние кои останале без дом поради уривањето на зградата во Сурфсајд.

„Навистина, навистина е трауматично да се види вакво рушење“, додаде тој.

„Следните чекори ќе вклучуваат соработка со градот, округот и сојузната држава за да се осигурат долгорочните потреби на оние кои настрадаа“, рече гувернерот.

„Спасувачките екипи сè уште напорно работат и бараат луѓе во урнатините“, заклучи Десантис.

Новинар на Фокс, Енди Слејтер објави на Твитер снимка од моментот кога се руши зградата во Сурфсајд, Флорида.

Зградата од 12 ката и 136 станови во градот Сурфсајд во близина на Мајами бич се урна среде ноќ. Уништени се 55 станови.

Роузи Сантана, сопственичка на стан во делот на зградата што се сруши во Сурфсајд, објави видео на Твитер снимено од надзорна камера.

Видеото од 13 секунди е снимено од камера активирана од сензор за движење и е инсталирана во двособен стан во сопственост на нејзиното семејство на седмиот кат на заградата во Сурфсајд.

„Тоа е нашиот стан, станот на моето семејство. Вчера си отидов од станот, секогаш ја вклучувам камерата кога заминувам и ова е снимката што ја добив. Камерата се вклучува кога сензорот детектира движење. Тоа и се случи, таа почна да снима, а потоа врската се губи“, изјави таа за Си-ен-ен.

Сантана рече дека нејзиниот стан е еден од оние што се наоѓале во делот на објектот што се сруши: „Нема веќе надеж за станот“.

Министерството за надворешни работи на Парагвај соопшти дека не успеале да стапат во контакт со сестрата на сопругата на претседателот на Парагвај, Марио Абдо Бенитез.

Сестрата на првата дама на Парагвај, Силвана Лопез Мореир, со сопругот и трите деца престојувале во стан на 10 кат од објектот што се урна во два часот по полноќ во Сурфсајд, Флорида.

Парагвајското Министерство за надворешни работи соопшти дека не е познато каде се шестмината Парагвајци кои се наоѓале во објектот што се срушил.