Актуелно

Петочна и викенд временска прогноза

Денеска, петок, 25 јуни, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 23 степени, а дневната од 30 до 41 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 20 степени, а дневната до 39 степени

Во следните денови ќе се задржи топло време со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Извесно опаѓање на температурата ќе има во недела и понеделник.

To Top