Летна шема и електронска музика – плажата Оревче со богата програма и ова лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Љубителите на електронска музика имаат навистина што да слушаат ова лето. Плажата Оревче која со години ја поддржува независната сцена, за претстојното лето понуди музичка програма која ги изненади домашните посетители, но предизвикува гости и од други држави.

Иако со задоцнето отварање кон средината на Јуни, оваа година менаџментот на плажата Оревче се избори да го резервира најдоброто од електронската музика. Во програмата се вклучени светски реномирани артисти, чии настапи ќе бидат надополнети со истакнати македонски диџеи кои ја негуваат и  презентираат модерната електронска култура во Македонија.

Од Русија доаѓа Андреј Пушкарев, уникатен професионалец и педантен колекционер на десетици илјади плочи. Неговите настапи се распространети ширум светот. Ќе настапи заедно со македонскиот продуцент Stojche вo b2b сесија. Во наредните викенди ќе следат настапи на бугарскиот минимал-хаус продуцент “Dimitri Monev” во организација на “Room 313”, под новиот подбренд “Roomania”.

Колективoт “Pirka”, го носат големиот романски диџеј и роминимал продуцент “Arapu”. Овој епски звук го дефинираше својот неверојатен под-жанр и се етаблираше на глобално ниво.  Возбудлива е и најавата за настап на Aргентинецот Hernan Cattaneo, најуникатниот прогресив-хаус продуцент кој во својата богата кариера има издадено 11 албуми, многу синглови и ремикси.

Листата продолжува со имиња како Roy Rosenfeld, Brina Knauss, Miss Melera, Kristijan Molnar, Andrew Meller и други странски и домашни истакнати диџеи и продуценти.

Извор: www.roomania.mk