Home Шоубизнис Снимањето на Game of Thrones засекогаш заврши

Снимањето на Game of Thrones засекогаш заврши

Серијата Game of Thrones заврши со снимањето на последната осма сезона и тоа после повеќе од девет месеци.

Во последната сезона фановите ги очекуваат шест нови епизоди кои продукцијата успеа да ги задржи во тајност со неверојатно обезбедување.

„Никој не доби физичка копија од сценариото. Сите добивавме дигитална форма на апликација, а после читањето, документот сам се бришеше. Репликите кои ги изговаравме ги добивавме ден претходно, а после 24 часа истите целосно исчезнуваа“, раскажува Софи Тарнер која е дел од актерската екипа на Game of Thrones.

A post shared by gameofthrones (@gameofthrones) on

Таа открива дека на сетовите сите имале забрана за фотографирање и дека морале да носат лепливи траки на камерите од своите мобилни, а секој член од екипата добил и кодно име со цел никој да не знае кој во кој ден е на снимање.

A post shared by @emilia_clarke on

Со завршувањето на снимањето на култната серија се пофалија Емилија Кларк и Маиси Вилијамс, актерките кои се во серијата уште од првата сезона која со емитување започна во 2011 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…