Слободен печат пренесува: Обвинителството отворило истрага за сите модуларни болници во Македонија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Скопското Основно Јавно обвинителство за организиран криминал и корупција отворило истрага за сите модуларни болници во земјава, пренесува „Слободен печат“.

Според лекарски извори на кои се повикува Слободен печат, информираат дека ниту модуларната болница во Велес нема технички прием за работа со пациенти. И таа, како и сите модуларни болници, е изградена врз основа на посебен закон според кој обврска за технички преглед на готовиот објект нема. За готовите објекти било вршено само примопредавање.

-Во интерес на истрага покрената од Основното Јавно обвинителство не сме во можност да дадеме било какви информации во врска со модуларната болница во ЈЗУ Општа Болница Велес, стои во одговорот на нашето прашање дали болницата работи без технички прием.

Претходно и раководителот на ковид-центарот во Тетово информираше дека модуларната болница што изгоре во пожарот е пуштена во употреба без технички прием, што е спротивно на тврдењето на Министерството за здравство дека модуларните болници се пуштени во употреба со уреден технички прием.