Home Шоубизнис Славниот Мајкл Џ. Фокс: Рацете и нозете можат целосно да ми откажат

Славниот Мајкл Џ. Фокс: Рацете и нозете можат целосно да ми откажат

Славниот холивудски актер Мајк Џ. Фокс веќе 30 години се бори со Паркинсоновата болест, која му беше дијагностицирана на 29-годишна возраст. За време на борбата со оваа здравствена состојба бил принуден дури и да се подложи на оперативен зафат врз мозокот, со цел да ги намали ефектите кои болеста ги предизвикува врз телото.

„Засега сè е добро, но ако се влоши, наскоро можеби нема да можам да одам ниту да ги користам рацете – рекол актерот.

Мајкл почнал да ја губи рамнотежата, сè почесто паѓал, што и покрај неговиот ведар дух, нему му било во исто време и смешно, но и многу тешко, па поради серизоните проблеми, се подложил на операции, меѓу кои и на операција на ‘рбетот.

Мајкл Џеј Фокс е канадски актер, најпознат по своите улоги во трилогијата „Враќање во иднината“, „Семејни врски“ и „Лудиот град“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …