Home Шоубизнис Славниот Лени Кравиц стигна во Скопје и се рашета низ Старата чаршија (видео)

Славниот Лени Кравиц стигна во Скопје и се рашета низ Старата чаршија (видео)

Светската рок ѕвезда Лени Кравиц денес, 3 мај, во ВИП арената „Борис Трајковски“, ќе го одржи својот закажан и долгоочекуван концерт пред македонската публика.

Тој пристигна во Скопје два дена пред настапот и веднаш се рашета низ Старата скопска чаршија, уживајќи во сета нејзина егзотика и шарм, притоа фотографирајќи се и со обожавателите кои го сретнаа.

Кравиц вчерашниот ден го искористи за да се прошета низ Старата скопска чаршија, каде одлично расположен делеше автограми и се фотографираше со своите обожаватели.

Лени, со прилично непосредно и приземно однесување и расположение, се поздравуваше со минувачите, насмеан, стрпливо позираше со фановите, седеше до уличните свирачи и се забавуваше во сета онаа егзотичност и уличен шарм кои ги нудат сокаците на Старата чаршија.

Легендарниот музичар објави видео на својата страница на Фејсбук, во чиј опис напиша: „Скопје, Македонија, Стара чаршија. Најубав ден и средби со прекрасни луѓе“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

CBS Sports ја заврши соработката со Тони Ромо по неговото апсење за возење под дејство на алкохол

CBS Sports официјално ја прекина соработката со Тони Ромо по неговото апсење за возење под…