Славниот комичар Боб Сагет пронајден мртов во хотелска соба во Орландо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот американски комичар, актер и водител Боб Сагет вчера попладне беше пронајден мртов во соба во хотелот Риц-Карлтон во Орландо. Славниот ТВ лик почина на 66-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми.

Причината за смртта на Сагет засега не е позната. Брзата помош го пронашла актерот во соба во хотелот Риц-Карлтон во Орландо во неделата попладне.

Тој бил прогласен за мртов на местото на настанот, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Оринџ, додавајќи дека не се пронајдени знаци на насилство или употреба на дрога.

Комичарот веќе неколку месеци беше на турнеја, која беше предвидена да трае до мај годинава.

Тој во саботата вечер имал настап во концертната сала Понте Ведра, а подоцна на социјалните мрежи „Твитер“ и „Инстаграм“ ѝ се заблагодари на публиката за одличната реакција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bob (@bobsaget)

Сагет се прослави по улогата во серијата „Full House“ и како водител на шоуто „America’s funniest home videos“.