Славниот илузионист ги откри тешките последици од труењето со храна: „Ме боли цело тело“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познатиот британски илузионист Дајнамо (35), чие вистинско име е Стивен Фрејн, откри дека лековите за Хроновата болест кои ги прима го довеле до драстични промени во изгледот. На социјалните мрежи објави видео во кое открива дека „тешко и сериозно се разболел“ во 2017 година, а поради лековите му се зголемила телесната тежина.

„Здраво, овде Стивен, Дајнамо. Го снимам ова видео за да откријам што сè преживеав во последниве неколку месеци“, започнува тој.

Не можел да изведува трикови со карти бидејќи рацете премногу го болеле поради артритис, од кој исто така заболел. Како што вели, го болат и прстите од нозете, рацете, колената, зглобовите и вратот.

Во снимката им се заблагодари на луѓето за поддршката која му ја давале откако го објавил селфито на кое очигледна е неговата физичка промена.

„Живеам повлечено бидејќи лани се разболев и завршив во болница минатото лето поради тешко труење со  храна. Хроновата болест и труењето со храна се сериозно лоша комбинација. За среќа, здравствениот систем функционираше совршено и ме извлече од кревет, а јас се трудам да ми биде што подобро“, објасни тој.

Додаде дека уште се бори со последиците од земањето лекови со стероиди.

„Соработката со лекарите и физиотерапевтите ми е стопроцентна за целосно да се опоравам. Смислувам нови трикови, се надевам дека наскоро ќе ги видите. Како што гледате, мојот изглед е сменет поради лековите, накладо некој килограм повеќе и добив осип на главата и телото. За среќа, вие го гледате само овој дел од телото“, додаде Дајнамо.

Дајнамо боледува од Хронова болест уште од тинејџерските денови и со години беше на строга диета поради тоа. Како 17-годишник имал операција во која му бил отстранет половина желудник, но и денес секое утро се бори со болките. Поради болеста не јаде храна со глутен, млечни производи, масна храна, ниту пак зеленчук.