68 луѓе со фантомки биле моторна сила при крвавиот упад во Собранието на 27 април


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во обвинителниот акт кој го поднесе Основното јавно обвинителство се вели дека Александар Василевски-Нинџа собрал 68 лица во кафебар во Скопје на кои Горанче Анѓеловски-Ќосето им делел маски-фантомки за да си го прикријат лицето. Обвинетите Борис Дановски, Богдан Илиевски и Владо Јовановски ги повикале граѓаните од пред Собранието кон вратите на објектот, пренесува Судство.мк.

Јавното обвинителство за гонење на криминал во обвинителниот акт против 30 обвинети за „крвавиот четврток“, навел дека од 14.30 до 22.30 за време на констутивната седница на собранието на РМ обвинетите биле со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на Македонија.

При тоа сакале да спречат избор на спикер а предизвикале страв и ги загрозиле животите на пратеници, новинари, полицајци и вработени во Собранието. Сега обвинетите според ОЈО, мобилизирале членство од здруженијата „Тврдокорни“, „Черноземски“, „Ченто“ и „Ќосето“ на кои им делеле маски и фантомки, при тоа подготвувајќи за упад во Собранието.

ОЈО открило дека голем дел од обвинетите телефонски контактирале и се договарале бидејќи знаеле дека тој објект дента немал соодветна полициска заштита. Според ОЈО Митко Чавков, Митко Пешов и Душко Лазаров овозможиле непречено толпата да изврши насилен упад во собранието. Во обвинението се вели дека Александар Василевски-Нинџа собрал 68 лица во кафебар во Скопје на кои Горанче Анѓеловски-Ќосето им делел маски-фантомки за да си го прикријат лицето. Обвинетите Борис Дановски, Богдан Илиевски и Владо Јовановски ги повикале граѓаните од пред Собранието кон вратите на објектот.

Петмина пратеници според ОЈО и началникот на обезбедување на Трајко Вељановски директно учествувале во отстранувањето на заштитните бариери на влезните врати од Собранието. Дел од обвинетите вработени во кабинетот на Трајко Вељановски ги носеле насилниците кон Прес сала бр.3 каде бил Талат Џафери а обвинетиот полицаец Горан Ѓошевски-Леви со службена картичка ја отворил вратата од холот.

Јане Ченто со нога го удрил Зоран Заев по стомакот а потоа дел од насилниците почнала да тепа пратеници, новинари, камермани а меѓу новинарите најтешко минал Димитар Тануров од „Мета“. Додека со часови полицајците од Собранието барале помош од МВР сега обвинетите шефови од МВР не презеле ништо за да спречат насилство.

Се поставува прашање, зошто не се опфатении со обвинението и патриотските, т.е. граѓанските здруженија.