Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Во длабочините на Амазон има едно село по име Македонија, кое ја собрало убавината на целиот свет. Селото се наоѓа на брегот на колумбиски Амазон и има 800 жители, од кои речиси половина се помлади од 18 години. Живеат од риболов, лов и занаетчиство. Училиштето и црквата се единствените јавни места во селото. Автомобилот е непознат поим во густата амазонска џунгла.
Во овој регион на Амазон од крајот на 19 век живеело едно семејство од племето Тичуна, чие презиме било Македо, вели грчкиот сајт Радиоласити.
Членовите на семејството прво станале католици под влијание на мисионери, а потоа преминале во евангелисти, па ги конвертирале и другите Тичуна-семејства што дошле од соседните области во Бразил и Перу и се населиле со нив во истото село.
Тие почнале да ја проучуваат Библијата во групи, а кога стигнале до писмата на апостол Павле до Солуњаните и Филипите во Новиот завет биле импресионирани кога првпат го прочитале зборот Македонија.
Така во 1975 година, сите семејства што живееле заедно во езерското село одлучиле своето село да го наречат Македонија, сметајќи дека се единствените Македонци во светот. Така е создадена амазонската Македонија.