Скоро пола метар: Човекот со најдолг пенис на светот доби инвалидска пензија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На мажот со најдолг пенис на светот му е доделен статус на лице со инвалидитет поради должината на неговиот полов орган од 48 сантиметри.

55-годишниот Роберто Ескивел Кабера има толку долг пенис што буквално му виси под колена,а тој вели дека поради неговата должина не е способен да работи. Стана познат во 2015 година, после виралното видео на кое ја мереше тежината на својот пенис за да ја докаже автентичноста, пишува Mirror.

Потешкотии при работата

Дури и порно режисерите покажаа интерес за снимање филмови со него. Но, сега Роберто наводно и официјално е регистриран како лице со инвалидитет, поради должината на неговиот полов орган, бидејќи не може да клекне, ниту да носи униформа.

„Не можам да трчам брзо, па фирмите немаат добро мислење за мене. Велат дека ќе ме побараат, но никогаш не го прават тоа“, вели Роберто.

Властите првично го отфрлаа неговото барање за инвалидитет, но Роберто, по потекло од мексиканскиот град Салтиљо, вели дека сега тоа е одобрено. „Секои четири месеци ми даваат некаква финансиска помош, но тоа не е доволно. Секој ден одам во банка за храна за во 12 часот да добијам оброк“.

Не го сакаат во Гинис

Роберто ги помина медицинските истражувања, како и реднген снимките за да ги задоволи сите оние кои се сомневаат во неговото тврдење за големината на неговиот полов орган. И докторите потврдија дека, судејќи според 3D скенирањето, дека се работи за реална големина. Еден од лекарите изјави дека главниот дел од пенисот е долг нешто повеќе од 15 сантиметри, додека остатокот е само вишок кожа.

Роберто неколку пати одби да се подложи на оперативен зафат, и покрај тоа што лекарите го советуваа дека тоа е најдобро за него.

„Го советувавме господинот Роберто дека најдобро за него е лекарите со операција да му дадат нормална големина и форма на неговиот пенис, за да не го боли, и за да може да има полови односи и да има деца“, вели доктор Давид Хесус Гонзалес. „Но, тој не сака да прифати, повеќе сака да има поголем пенис од другите“.

Роберто призна дека би сакал неговиот голем пенис да си обезбеди место во Гинисовата книга на рекорди. „Познат сум по најголемиот пенис на светот“, вели тој. „Среќен сум со својот пенис, знам дека никој нема толку голем како мојот. Би сакал да влезам во Гинисовата книга за рекорди, но тие не го признаваат ова како рекорд“.