Скопјанката со коронавирус е во добра состојба – се испитуваат лицата со кои имала контакт


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жената од Скопје која беше првата пациентка во Македонија со дијагностициран коронавирус е во добра состојба и се опоравува на инфективната Клиника во Скопје. Надлежните служби и властите сега се во потрага по сите оние лица со кои патувала кон Македонија и имала контакт овде.

Пациентката кај која е откриен коронавирусот успешно се справува со болеста, информираше вчера вечер министерот за здравство Венко Филипче. Се работи за 50-годишна жена која неодамна со група луѓе се вратила од Италија каде престојувала околу еден месец. Филипче вели дека таа била болна веќе две недели и, иако била третирана во Италија, кај неа не бил откриен коронавирусот.

Македонските власти ги идентификувале и стапиле во контакт со осумте сопатници на заболената и со возачот на комбето со кое тие заедно, преку граничниот премин Табановце, пристигнале во земјата. Четворица од патниците се од Скопје, а другите четворица од Струмица. Во текот на вечерва со нив постапува епидемиолошки тим. Сопатниците на заболената, како и сите останати лица со кои таа контактирала откако пристигнала во земјата ќе бидат во домашна изолација и под безбедносен надзор на полицијата.

Не е докажано дека маските за лице можат ефикасно да ве заштитат од вирусни инфекции. Овие маски веројатно се во можност да фатат некои микроби пред да стигнат до устата или носот. Но уште поважно е тоа дека тие ги спречуваат луѓето да ги допираат устата или носот (што повеќето луѓе го прават инстинктивно). Ако веќе сте болни, таквите маски може да спречат да не заразувате други.

Доколку и кај некои од нив се утврди присуство на коронавирусот, тие ќе бидат префрлени на некои од инфективните одделенија во болниците во Штип, Велес или Гостивар. Дали и колку се заразиле од заболената ќе се знае дури за неколку дена, поради периодот на инкубација на вирусот.

Министерот Филипче апелира да не се создава паника во јавноста и вели дека нема причина за загриженост.

Тој упати уште еден апел до сите компании и институции во кои има вработени кои во изминатиот период патувале во Италија, да бидат ослободени од работните обврски и да бидат во домашна изолација до 14 дена.