Home Актуелно ЕСМ крева раце и се откажува од ски-центарот Попова Шапка

ЕСМ крева раце и се откажува од ски-центарот Попова Шапка

За Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) двете можности кои се решение за понатамошно менаџирање на ски-центарот Попова Шапка – целосно или со приватен партнер да се раководи од страна на ЕСМ – не се прифатливи за компанијата, истакна директорот Васко Ковачевски.

Ова е заклучок на компанијата откако беше направена физибилити студија за развој. Фокусот на ЕСМ треба да биде производство на енергија, потенцира директорот.

„Наша препорака како управен одбор до Владата беше капацитетите на Попова Шапка да се дадат на продажба. Во моментот имаме доставено барање до Биро за вештачење да се направи проценка на капацитетите. После таа проценка заедно со Влада ќе донесеме одлука кога и како ќе се спроведе таа процедура“, рече Ковачески.

Тој истакна дека интерес на инветситорите е да се купат објектите, односно хотелите. Сѐ уште се размислува кој и како да ги менаџира ски лифтовите.

„Хотелот Попова Шапка и во студијата се кажува дека е во многу лоша состојба, се предлага да биде урнат, за Славија да се инвестира и да биде во функција. Но останува што ќе се прави со ски-лифтовите и другата инфраструктра. Ние имаме размислувања, но тоа ќе се разговара на Влада, сметам дека Попова Шапка ќе добие сериозна инвестиција и ќе биде еден од позначајните центри во регионот. За жичниците треба да се најде решение“, истакна Ковачески.

Министерот Крешник Бектеши потенцира дека која било опција да се избере за Попова Шапка една од главните критериуми е поставување инсталација за вештачки снег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…