Облачен четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последните денови од февруари носат облачно време со повремени врнежи од дожд.

Денес во Македонија времето ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец што ќе предизвика појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура ќе се движи од нула до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец што ќе предизвика појава на снежни наноси. Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до осум степени. Во Маврово 0, Охрид 6, Битола 8, Крива Паланка и Берово 5, Кавадарци 11, Дојран 12.

Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планинита ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 см и ќе има појава на снежни наноси. Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец, а дневната температура ќе биде пониска за околу 10 степени.