Скопјанец поради Манчестер Јунајтед остана без 173.000 евра!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Обложувач од Скопје, користејќи ги вонредните новогодишни англиски кола составил 3 исти тикети и уплатил 300 денари пренесува спорт1.мк.

Двата тикети се уплатени по 125 ден и третиот за 50. Вкупната добивка изнесува 10.646.170 денари. Тој на тикетот изиграл 6 натпревари, но дуелот помеѓу Евертон и Манчестер Јунајтед испаднал кобен за него.

Тој го изиграл натпреварот 2-2 и 3+, но резултатот беше 0-0 на полувреме 0-2 на крај. Практично доколку во прво полувреме постигнел гол Јунајтед, тој ќе бидел побогат за 173.000 евра. Другите натпревари ги погодил без проблем.

Барнли – Ливерпул (одиграно икс во два) – мечот заврши 1-2 (полувреме 0-0)

Лестер – Хадерасфилд (одиграно икс во кец) – мечот заврши 3-0 (полувреме 0-0)

Торонто – Милвоки (одиграно нерешено во регуларен период) – мечот заврши 114-114

Чикаго – Портланд (одиграно нерешено во регуларен период) – мечот заврши 112-112

Арсенал – Челси (одиграно нерешено) – мечот заврши вечерва 2-2