Home Вебкафе Скандалозно однесување на тенисерот на Вимблдон: Фрлаше парички на судијката (видео)

Скандалозно однесување на тенисерот на Вимблдон: Фрлаше парички на судијката (видео)

Рускиот тенисер Данил Медведев, кој во првото коло на Вимблдон го елиминира Стан Вавринка, во второто коло направи скандал за кој долго ќе се раскажува.

Медведев по сензационалната победа над Вавринка, учеството на Вимблдон го заврши со поразот од Рубен Бемелманс во пет сета (6:4, 6:2, 3:6, 2:6, 6:3), но мечот долго ќе се памети по инцидентот кој Русинот го предизвика по неговото завршување.

Медведев имаше вербален дуел со судијата Маријана Алвеш, која му одзеде поен, а тој побара таа да биде остранета од теренот.

Супервизорот на турнирот не ја прифати сугестијата на рускиот тенисер, поради што тој откако мечот заврши од својот паричник извади неколку метални парички и ги фрли во правец на судијата Маријана Алвеш.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трејлерот за третата сезона на „Еуфорија“ конечно е објавен – еве што сè се знае досега

Росалија ќе се појави во гостувачка улога, а култната ХБО драма се враќа поцрна, позрела и…