Потврда од Владата: Обрадовиќ е кандидат за директор на ЕЛЕМ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екс директорот на Електростопанството на Србија Александар Обрадовиќ е кандидат за директор на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), државното претпријатие за производство на струја, потврди премиерот Зоран Заев. Обрадовиќ минатиот месец по скратена постапка доби државјанство од македонската влада.

Александар Обрадовиќ е квалитетен кадар во областа на енергетиката, но тоа не значи дека по автоматизам ќе биде директор или не. Да, и тој е еден од опциите за директор во ЕЛЕМ. Но, ние се уште не знаеме кој од политички субјекти, дали домашните експерти ќе преземе одговорност врз која институција. Преуранета е дебатата кој каде ќе биде директор, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по средбата со македонските бизнисмени од Сојузот на стопанските комори.

Минатата недела, на брифинг со новинарите, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој има приватен бизнис и во енергетскиот сектор, одби да коментира дали Србинот Обрадовиќ ќе биде директор на ЕЛЕМ, но рече дека негово лично мислење е оти директор на ЕЛЕМ треба да биде македонски стручњак од областа.

Обрадовиќ, кој е партиски кадар на српскиот претседател Александар Вучиќ, беше директор на Електропривреда Србије (ЕПС) четири години, а српските медиуми пишуваа за сомнителни тендери, ненаменско трошење, вработување ТВ ѕвезди. Владата го смени од функцијата директор на 3 март, 2016, откако премиерот Вучиќ ден претходно го јавно го критикуваше Обрадовиќ дека за компанијата купил два луксузни автомобили Ауди и не се придржувал за владините мерки за штедење. Обрадовиќ претходно добил опомена и од српскиот Фискален совет дека растењето на долговите на ЕПС може да ги ги разори финансиите на Србија.