Home Актуелно СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА ЦИПРАС: Македонската нација никогаш не постоела!

СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА ЦИПРАС: Македонската нација никогаш не постоела!

Во период кога македонската влада со засилено темпо се обидува да го реши проблемот што Грција го има со нашето име, тамошните власти продолжуваат со негаторската политика. Имено, премиерот Ципрас кој важи за поумерен во однос на македонското прашање даде прилично скандалозна негаторска изјава.

„Македонската нација не постоела никогаш“, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за неделното издание на весникот „Етнос“ кое ќе биде објавено утре.

Во најавата за интервјуто стои дека Ципрас говорел детално за прашањето за името, текот на преговорите меѓу Македонија и Грција и за тоа какво име би прифатила грчката Влада.

Во врска со коалицискиот партнер во Владата и неговата различна позиција во спорот за името, Ципрас вели дека „Каменос нема да стане Самарас“, со што индиректно порачува дека лидерот на независни Грци нема да создаде проблеми во грчката Влада.


Инаку, изјавата на Ципрас ја коментираше и грчкиот аналитичар Јоргос Пападакис кој e долгогодишен познавач на овој спор. Тој за порталот МКД.мк вели дека Грција повторно покажа кои ѝ се вистинските намери во врска со името на Република Македонија. Тие сакаат да не се најде никакво компромисно решение освен Македонците да прифатат нешто друго од тоа што се.

„Јас уште од 1995 година велам едно исто – овие ‘преговори’ нема никаде да нѐ однесат и тоа мора да им биде јасно на сите. Сигурен сум дека Никола Димитров, шефот на македонската дипломатија, кој најдобро ја познава грчката лицемерност, ќе ја искористи оваа скандалозна изјава, која ја навредува не само Македонија, туку и ООН и целиот процес. Оваа изјава треба да се користи како доказ за тоа кој е виновен кога преговорите ќе запрат. А дека ќе запрат, тоа е повеќе од сигурно“, вели Пападакис.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…