Сите стоеја, само тие седеа: Бијонсе и Џеј Зи ја изнервираа јавноста (снимка)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Музичкиот и шоубизнис славен брачен пар Бијонсе и Џеј Зи останаа да си седат за време на интонирање на американската национална химна која ја отпеа Деми Ловато на Супербоул спектаклот, предизвикувајќи поделени реакции на социјалните медиуми.

Парот дојде на натпревар со нивната ќерка Блу Ајви, а TMZ ги снимаше како седат за време на интонирањето на химната. Не е јасно зошто парот останал да седи додека сите околу нив стоеле, особено ако се земе предвид дека Џеј Зи неодамна потпишал профитабилно партнерство со NFL.

Реакциите за ова беа различни. Додека некои беа лути, други пишуваа дека никој не се грижи, многумина застанаа во одбрана на парот. „И сите дома седеа“, коментирал еден.

Некои отидоа дотаму што велат дека парот мора да се исели од државата.

Патем, настапот на Деми Ловато доби многу пофалби на социјалните мрежи, а нејзиниот твит од 2010-та година во кој се најавуваше дека еден ден ќе настапи на Суперболот, стана хит на Твитер.