Сите ќе добијат нов Gmail – стариот наскоро ќе биде згаснат


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На почетокот од оваа недела од Google најавија дека новиот Gmail од јули ќе биде достапен за сите корисници, а до октомври стариот целосно ќе биде згаснат.

Новиот Gmail моментално е достапен во таканаречена Early Adopter Program (EAP), со опција за проба, пред да биде достапен за сите.

Mashable пренесува дека деловните корисници на Gmail, на кои веќе им е достапна новата верзија, во јули ќе имаат повеќе опции. Сопствениците на домејн ќе можат да одберат дали сакаат да мигрираат или да го задржат новиот Gmail, односно на секој посебно ќе му биде дозволено самиот да избере.

Но, тој избор нема да биде достапен уште долго. Осум недели откако новиот Gmail ќе биде достапен, Google едноставно ќе ги префрли сите корисници од стариот на новиот Gmail, со тоа што ќе им остави време од уште четири недели за префрлање.

Важен дел од новиот дизајн е таканаречениот Confidential Mode (доверлив режим), кој поставува рок на траење на испратените пораки кои, по истекувањето на тој временски рок, автоматски се бришат, а една од најголемите промени е новата лента која ќе ви се појави од десната страна и преку која можете едноставно да пристапите до Google Calendar, Google Keep и Google Task.

Уште една од новостите е таканаречениот „Snooze“ режим, со чија помош примените пораки ќе можете да ги одложите на одредено време, а ќе добиете и опција за дополнителни известувања за пораки од висок приоритет.