Вкусни се, но мора да ги дистанцирате: Овие намирници ви ја влошуваат состојбата при менструален циклус


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Експертите тврдат дека постојат одредени намирници кои можат негативно да влијаат на вашетѕо физичка, но и психичка состојба за време на циклусот.

Оние денови во месецот сами по себе се доволно непријатни и сигурно не сакате дополнително да ги направите полоши.

Сепак, тоа веројатно несвесно го правите. Имено, еве за кои точно намирници станува збор во продолжение и обидете се да ги избегнете или барем да ги намалите со внесување во текот на ментруалниот циклус.

Млечни производи

Ако ви е тешко, потполно исфрлете ги млечните производи од исхраната, обидете се барем да го намалите нивното внесување за време на менструацијата.

Ако некогаш по макијатото или пијалок со многу млеко сте почувствувале непријатна болка во стомакот, тогаш знајте дека млечните производи можат да делуваат на дигестивниот систем, а во комбинација со менструалните грчеви тоа е само уште полошо.

Шеќер

Чоколадото на многу жени им е омилена утеха во текот на менструацијата, а причината за тоа се хормоните. Тоа доведува до желба за слатко, а со препуштањето на нив можете да доведе до зголемено ниво на шеќер во крвта. Последиците ќе влијаат на промена во расположението, напнатост, исцрпеност, и зголемени грчеви.

Обидете се да го сведете шеќерот на минимум во текот на овие денови.

Кофеин

Знаеме дека оваа листа станува се полоша, особено бидејќи кофеинот, односно кафето во текот на овие денови ни се најпотревни поради зголеменото ниво на замор. Сепак, подобро ќе се чувствувате ако избегнете било какви кофеински напитоци за време на траење на менструацијата, тврди докторката Лори Шмек.

Солена храна

Сега веројатно се прашувате дали смеете воопшто нешто да јадете за време на менструацијата. Секако дека смеете, многу опции ви остануваат, како овошје и зеленчук, месо, риба и се што нема млеко, кофеин, многу шеќер или сол.

Пресолената храна како чипсот или некои други грицки, исто така не се препорачуваат за време на менструацијата бидејќи можат да предизвикаат надуеност, што во овие денови навистина не ви е потребно.