Сите детали од трансферот на Кристиано Роналдо од Реал во Јуве


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На официјалниот сајт на шампионот на Италија официјално беше објавена потврдата за сите финансиски детали од трансферот на Роналдо за кои се пишуваше во текот на претходните денови.

10 јули 2018 година ќе остане запаметен како еден од најважните денови во историјата на фудбалот бидејќи официјално најдобриот фудбалер во светот го официјализираше трансфер во редовите на Јувентус.

После девет години поминати во Реал Мадрид и сите неверојатни работи кои ги направи носејќи го дресот на актуелниот шампион на Европа, Роналдо донесе одлука да се пресели во редовите на шампионот на Италија.

Потврдата прво пристигна од Мадрид, а потоа се огласи и Јувентус и тоа со официјално соопштено кое беше објавено на клупскиот сајт.

„Фудбалскиот клуб Јувентус соопштува дека постигна конечен договор со Реал Мадрид по повод откупот на правата на услугите на играчот Дос Сантос Авеиро Кристиано Роналдо за сума од 100 милиони евра која ќе биде платена на две рати. Јувентус потпиша договор на четири години до 30 јуни 2022 година“, се наведува во соопштението од Јувентус.

Со ова стана јасно дека Јувентус го добил Роналдо на одложено плаќање и дека следната година ќе ја исплати втората рата во износ од 50 милиони евра.

Сега останува уште Роналдо да допатува во Торино и официјално да биде претставен пред навивачите со што ќе почне нова ера во кариерата на Португалецот, но и за Јувентус.