Синот од Бин Ладен и ќерката на главниот киднапер на авионите од 11 септември стапија во брак


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хамза бин Ладен, син на своевремено најозлогласениот терорист и лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, стапи во брак со ќерката на Мохамед Ата, главниот киднапер на авионите за време на терористичкиот напад во САД на 11 септември 2001 година.

Информацијата за Гардијан ја потврдиле полубраќата на Осама, Ахмад и Хасан ал Атас. Тие кажале дека веруваат дека Хамза добил повисока позиција во самата Ал Каеда и дека сака одмазда за својот татко кој беше убиен при воена операција во Пакистан пред седум години.

Алиа Ганем, мајката на Осама

Хамза бин Ладен е син на една од трите преживеани сопруги на Осама бин Ладен, Харија Сабаре, која живеела со сопругот во Аботабад, покрај палестинската воена база каде што беше убиен.

Хамза стана заменик на актуелниот лидер на групата Ајман ал Завахири.

„Слушнавме дека се оженил за ќерката на Мохамед Ата“, изјавил Ахмад ал Атас, додавајќи дека не се сигурни каде се наоѓа, но дека би можел да биде во Авганистан.

Западните разузнавачки агенции во изминатите две години го насочија своето внимание врз Хамза бин Ладен бидејќи веруваат дека тој е тој што би можел да ги поттикне следбениците на терористичката група на акција.

Неговата венчавка за ќерката на Ата покажува дека организацијата сѐ уште цврсто се групира околу наследството на Бин Ладен.

Ахмад ал Атас, братот на Осама

Вториот син на Осама бин Ладен Халид беше убиен во воената акција во Аботабад, додека третиот беше убиен во напад со дрон во 2009 година во Авганистан. Во писмата кои наводно ги пишувал Осама бин Ладен се сугерира дека го спремал Хамза да го замени, делумно за да ја одмазди смртта на Саад.

Преживаените сопруги и синови на Бин Ладен се вратија во Саудиска Арабија каде ги прими поранешниот принц Мохамед бин Најеф. Тие останале во близок контакт со мајката на Бин Ладен Алија Ганем, која тоа го потврди во интервјуто за Гардијан.

„Кога помисливме дека сето тоа е зад нас, дојде Хамза со приказни дека ќе го одмазди татко си. Не сакам повторно да минувам низ тоа“, изјави Хасан ал Атас додавајќи дека ако има прилика би му кажал на Хамза добро да размисли пред да тргне по стапките на својот татко.