Home Шоубизнис Симболот на Лондон запира после 157 години: Биг Бен нема да работи четири години

Симболот на Лондон запира после 157 години: Биг Бен нема да работи четири години

Лондонскиот часовник „Биг Бен“ следната седмица ќе престане да работи поради обновувањето на кулата, а ѕвоната на познатиот часовник кој што е симбол на Лондон нема да се слушаат во идните четири години.

Тие последен пат се огласија денеска на пладне, а потоа ќе работи само часовникот, но без да се слушаат неговите ѕвона.

Досега, тие се огласуваа на секој час, за да го покажат точното време, како и на секои 15 минути со еден краток ѕвон. Ваквиот ритам на Биг Бен е воспоставен пред 157 години.

Последен пат, ѕвоната на Биг Бен биле „замолчени“ во периодот меѓу 1983 и 1985 година, поради градежни работи. Исто така, ѕвоното не се огласуваше за време на погребот на британската премиерка Маргарет Тачер во 2013-та година.

Повремено ѕвоната ќе се вклучуваат за посебни околности, како што е означувањето на Новата година, или одбележувањето на Денот за паметење на сите британски војници што учествувале во Првата светка војна и во сите други војни и воени судирања потоа, во средината на ноември.

Кулата е висока над 30 метри, а неговите ѕвона се тешки 13, 7 тони. Биг Бен важи за најфотографираниот објект во Велика Британија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Софија Милошевиќ го украси домот за празниците со помош на синовите Алексеј и Теодор (ФОТО)

Софија Милошевиќ на Инстаграм покажа како го подготви домот за празниците. Елката речиси д…