Шведска има потреба од 64.000 мигранти за стабилен економски раст


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На Шведска годишно ѝ се потребни 64.000 емигранти за да се спречи нарушување на економскиот раст, предизвикан од недостатокот на квалификувана работна сила, соопштува Шведскиот завод за вработување.

Генералниот директор на Институтот Микаел Сјоберг изјави дека недостигот на квалификувана работна сила најрано следната година би можела значително да ѝ наштетат Шведска.

Од Агенцијата за вработување изјавуваат дека поради недоволниот број на работоспособно домaшно население, потребен е поголем број на странски работници.

Стапката на наталитет е доста ниска. Домашното население се намалува. За да се продолжи натамошен раст, потребна е работа, а со самото тоа и поголема популација, вели Јохан Бишман од Агенцијата за вработување.

Според него одредени компании веќе ги чувствуваат последиците од недостатокот на работна сила, нагласувајќи на тоа дека овој проблем ќе расте во наредните години.

Недостатокот на работна сила веќе влијае на јавниот сектор, а во наредните години последиците ќе ги чувствуваат се’ поголем број на компании. Одреден број на приватни компании исто така се соочени со овој проблем кој ќе расте во наредните години, рече Бишман.

Според Агенцијата за вработување на Шведска намалувањето на  бројот на луѓе кои го напуштаат средното училиште пред да го завршат школувањето и подигнувањето на границата за заминување во пензија се начини со кои би се ублажила ситуацијата, но напоменуваат дека како долгорочно решение се смета емиграцијата.

Според податоците на Агенцијата за вработување на Шведска, се’ поголем број на работни места во таа земја добиваат луѓе кои не се родени во Шведска. Се наведува дека главна причина за ангажирањето на странска работна сила е намалувањето на домашно работоспособно население.