Home Актуелно Швајцарците во загуба со чоколадото

Швајцарците во загуба со чоколадото

Познатото швајцарско чоколадо доживеа пад во продажбата од 14,3 проценти во првите осум месеци од оваа година, бидејќи пандемијата на „ковид-19“ ги погодила зделките поврзани со трговијата на мало и производителите во хотели и ресторани.

Падот е уште поизразен во периодот од четири месеци до крајот на август, кога продажбата пропаднала за една петтина, што го одразува падот на домашната и странската побарувачка, се вели во денешниот извештај на здружението на производители Chocosuisse.

Швајцарија извезува повеќе од 70 проценти од своето чоколадо, а на нивниот бизнис особено влијаел падот на секторот туризам и патувања ова лето, според здружението, чии членови се и Бери Калебо и Линдт и Спруенгли, меѓу другите.

„Опоравувањето не се гледа на нашите важни пазари, дури и на долг рок“, предупреди Chocosuisse.

Во првите осум месеци, домашната продажба исто така опаднала како што се зголемил увозот, посочуваат тие, критикувајќи ги високите цени на суровините во Швајцарија.

Во 2019 година, приходите на швајцарската индустрија за чоколадо изнесувале 1,79 милијарди швајцарски франци (1,67 милијарди евра).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…