Што тоа ве спречува да водите љубов: Ослободете се од овие најчести изговори…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Врвниот секс може да биде спречен само од површни изговори. Ви откриваме кои се тоа најчести изговори и како да се ослободите од нив.

Мислите дека сте престари

Ако се уште можете да јадете, дишите и се смеете тогаш можете да бидете отворени и за нови сексуални искуства. Староста воопшто не е важна, секако ако сте здрави. Ако имате здравствени проблеми тогаш сексуалниот стил прилагодете го себеси така што нема да ви биде проблем да се препуштите на уживањето.

Задоволувајте се со просечен секс

Верувале или не, многумина луѓе не сакаат супер секс. Страственит секс е физички и емотивно моќен, а многу луѓе не сакаат да губат контрола па затоа го избегнуваат таквиот секс. Покрај тоа, интензивниот секс подразбира и интензивна врска, на која многумина не сакаат да и се препуштат. Од друга страна, некои луѓе имаат намалено либидо, па едноставно не разбираат зошто се дига толкава бука околу страствениот секс. Додека двете групи луѓе се задоволуваат со просечен секс, најтажно е што не знаат што пропуштаат.

А каде со децата?

Ова не може да биде изговор. Постојат милион начини себеси да си обезбедите барем неколку часа без децата. Доколу навистина сакате да уживате во сексот ќе најдете начин да ги остаите децата кај родителите, или едноставно да најдете дадилка која ќе ги однесе во игротека или парк.

Не можете да се ослободите

Ектровертните личности всушност уживаат во промените, додека интровертните сакаат да останат во својата комфорна зона. Колку повеќе сте сигурни во себе, многу е веројатно дека ќе бидете поотворени за испробување на нови работи во сексот. Ослободете се и уживајте во животот.

Премногу се срамите

Ако се грижите дали поради играњето на улоги во сексот ќе испаднете будала, само се заморувате со глупости… Не сте единствени, луѓето се гружат за многу работи, но тоа се стравови кои се тука за да ги победиме. Не можете да живеете цел живот во страв, соберете храброст и направете нешто што не би го направиле инаку. Ако тоа го промените во сексот, ќе бидете горди на себе, а и позадоволни бидејќи себеси сте си пружиле врвно уживање.