Home Спорт Што се случува со Атлетико? Најлош старт во ерата на „Чоло“

Што се случува со Атлетико? Најлош старт во ерата на „Чоло“

Диего Симеоне го издигна Атлетико Мадрид до самиот европски врв и стекна легендарен статус меѓу навивачите, но доколку продолжи со слаби резултати, сето тоа брзо ќе биде заборавено.

Имено, статистиката покажува дека во моментов „јорганџиите“ го имаат најслабиот старт откако Аргентинецот го презеде кормилото на клубот во декември 2011 година.

Тимот од Мадрид одигра 1:1 на „Местаља“ против Валенсија во првото коло, а потоа оствари тешка победа против Ваљекано дома.. Но со поразот од Селта, Атлетико го запиша најслабиот старт во ерата на „Чоло“, Четирите освоени бода се за два помалку од претходниот најслаб старт од пред две сезони.

Дека тимот игра лошо покажа уште една статистика по вчерашниот пораз. Против Селта, тимот од главниот град не успеа да упати еден прецизен удар во рамките на 90 минути. Тоа не се случило од 2013-та година, кога Атлетико на сличен начин потклекна пред Еспањол (или поинаку кажано – по 1.778 дена).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…