Видео: Роналдо се уште нема гол во Италија, но неговиот син „растура“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристиано Роналдо ова лето предизвика вистински „земјотрес“ кога пристигна во редовите на италијанскиот шампион Јувентус.

Нема сомнеж дека Португалецот ќе биде огромно засилување за „старата дама“, но тоа не го покажа во првите три кола, каде не постигна ниту еден гол, иако од него се очекуваше премногу.

За разлика од него, неговиот син Кристиано Јуниор, кој е дел од младинците на Јувентус уште на своето деби постигна четири гола.

Јувентус Пулчини издвојуваа висока победа од 7:1 над Лученто, а синот на Роналдо постигна четири гола.