Што се крие зад една од најпопуларните фотографии на сите времиња и како изгледа девојчето од истата денес


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најверојатно не постои човек кој користи интернет и социјални мрежи, а кој не налетал барем еднаш на оваа фотографија.

Мало девојче се смешка на камерата додека зад неа гори куќа. Како е направена таа фотографија, кој е на неа и каде е таа девојка денес?

Според коментарите на многумина таа изгледа како мал психопат и се чини дека е среќна што куќата гори. Но, вистината е далеку од тоа. Пред извесно време стана популарна фотографија од девојчето Зои Рот, а кога била направена, никој немал поим колку таа ќе стане вирална и светски позната. Најсмешните фотографии се создаваат случајно, а така настанала и оваа. Сигурно сте виделе, а можеби и сте користеле фотографијата од мало девојче кое се смее додека куќа гори во позадина. Тоа мало девојче има име, а и денес е тинејџерка! И не, таа не ја запалила куќата и не е злобна. Зад фотографијата се крие приказна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by zoë (@zoeroth)

Фотографијата ја направил нејзиниот татко во далечната 2005 година и не е вистински пожар. Малото девојче не се радува на никаква трагедија, иако така изгледа. Противпожарната служба од нивниот град имала вежба. Значи, тоа бил контролиран пожар само за целите на противпожарна вежба. Како и секогаш кога ќе се случи нешто необично, луѓето се собираат на улица, така било и кај нив. Таткото Дејв Рот имал камера со себе и во еден миг сфатил дека Зои малку злобно се смее, што според него е смешно со оглед на тоа дека зад неа има куќа во пламен.

Таткото ја испратил фотографијата на натпревар за фотографија неколку години подоцна и таа победила и станала популарна, а набрзо се претвори во меме. Никој не го очекувал тоа!

Според Зои, лудо е како интернетот полудел по таа фотографија и дека е неверојатнокако е вирална и толку многу години откако е направена.