Бред Пит очигледно веќе не ја крие врската со 30 години помладата Инес


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Во Кабо Сан Лукас, Мексико, папараците го фотографираа 59-годишниот холивудски актер Бред Пит како ужива на базен во друштво на 30 години помладата Инес де Рамон, која покрај него се сончала топлес, игнорирајќи ги фотографите.

Двајцата ја дочекаа Новата година во Мексико, а близок извор откри дека работите меѓу нив е сериозно.

„Бред во моментов не се гледа со никој друг и е многу среќен со Инес. Тие се заедно и добро се забавуваат. Им се случува убава работа без никаков стрес”, неодамна извор близок до нив откри за „People“.

Светските медиуми повторно почнаа да пишуваат дека оскаровецот има нова љубов откако неодамна со Инес де Рамон пристигна на концертот Боно Вокс во Лос Анџелес со својот автомобил Тесла. Изворите на Дејли Мејл опишуваат како Бред ја запознал Инес со своите познати пријатели и сите разговарале во просторија која била затворена за пошироката јавност.

Инес неодамна беше сингл, откако објави дека се разделува со ѕвездата на „Вампирски дневници“, Пол Весли. Познато е дека таа е од Њу Џерси и дипломирала бизнис администрација на Универзитетот во Женева во 2013 година.

Да потсетиме, странските медиуми веќе некое време пишуваат за романсата на Бред Пит, но и за реакцијата на неговата поранешна сопруга, холивудската актерка Анџелина Џоли (47), која неодамна беше снимена од обожавателите на кафе со ѕвездата на серија „Normal People“ Пол Мескал (26) во кафуле во Лондон.

„Анџелина долго време не обрнува внимание на гласините за Бред“, изјави извор близок до актерката за „Hollywood Life“, додавајќи дека таа е „премногу зафатена со грижата за своите шест деца за да се фокусира на новата романса на нејзиниот поранешен сопруг. “