Што повеќе сакаат мажите на утро: Фејсбук или секс?

You

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешните мажи повеќе сакаат да се пробудат отворајќи Фејсбук и Твитер отколку со секс, покажала новата анкета која била спроведена меѓу 2.000 европејци. Дамите пак сакаат да го започнат денот со бакнежи и прегратки.

И за двата пола на прво место е будење со сончеви зраци што влегуваат низ прозорецот. Тоа е идеалното будење за секој трет испитаник, додека секој четврт претпочита да го почне денот со социјални мрежи. Тоа немаше да биде толку големо изненадување ако мнозинството од нив не беа мажи.

Сепак, најпопуларниот начин за започнување на денот е омилениот доручек. Многумина сакаат да се пробудат со омилената песна, а некои наутро сакаат да го прошетаат своето куче или да трчаат во парк. Но, секој десетти признавал дека наутро сакаат да го исклучат алармот и да продолжат да спијат.

Секој десетти испитаник рекол дека наутро сака да го исклучи алармот и да поспие уште малку.

Која и да е вашата утринска рутина, научниците препорачуваат да уживате во неа бидејќи така ќе бидете повеќе подготвени за сѐ она што ве очекува во текот на денот.