Што ја предизвика лавината која го затрупа хотелот Ригопијано ди Фариндола и однесе десетици животи?


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Хотелот Ригопијано ди Фариндола во централна Италија го затрупа лавина до која дошло по серија земјотреси.

Прво се урнал покривот на хотелот, што го забележале локалните жители и ги информирале спасувачките служби. Поради големи количества снег и неисчистени патишта спасувачките екипи со часови се пробивале до хотелот и на крај до него стигнале дури околу 4 часот наутро.

Снегот паѓал постојано 36 часа, а потоа Италија ја погодило она што локалните медиуми го нарекоа бесконечен потрес. Првиот земјотрес се случил во 10.25 часот, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Во текот на ноќта биле забележани над 80 последователни потреси.

Снежниот ѕид висок два метри го погодил хотелот вчера вечер, неколку часа по четири силни земјотреси во серија. Лавината предизвикала да се урне четирикатниот хотел, кој се наоѓа на 1.200 метри надморска височина, и го поместила за 10 метри.

Џампаоло Парете претходно излегол од хотелот до автомобилот и така се спасил. Прв им испратил СМС на спасувачките служби, додека во хотелот му останале заробени сопругата и двата сина.

Во моментот кога лавината го однела хотелот, во него имало 20 туристи и седум вработени.

Пријател на преживеаниот Џампиеро раскажал дека сите веќе биле спремни да излезат од хотелот во моментот на несреќата:

Џампиеро и сите други гости на хотелот веќе платиле и дошле во предворјето, подготвени да си одат. Чекале само да дојде плугот за снег, чие доаѓање било одложено од 15 за 19 часот. Сите гости го подготвиле багажот и биле подготвени да заминат, рекол пријателот.

Во последните напори да се пронајдат преживеани во хотелот биле пуштени и кучиња-трагачи, но тие не нашле никого.