Овие вируси се најсмртоносни заразни убијци на денешницата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако вакцините и лековите успеале да го „ослободат“ човештвото од некои болести, некои вируси, како неодамнешната епидемија на ебола во Африка, се доказ дека сме далеку од конечна победа над овој непријател.

Факултети.мк го пренесува пописот на најсмртоносни вируси, а листата е базирана врз основа на процентот на смртни случаи кај заболените лица, бројот на луѓе кои досега починале како последица од заразата, како и проценката дали вирусот претставува растечка закана.

1. Вирусот Марбург

Научниците овој вирус го откриле во 1967 година, после епидемија во Германија. Пренесувачите биле заразени мајмуни од Уганда. Сличен на еболата, овој вирус предизвикува висока температура и крвавење кое резултира со шок, откажување на работата на органите и смрт. Во текот на епидемијата која го зафатил Конго во 2000 година, 80% од заразените случаи имале смртен исход.

2. Ебола

Првата забележана епидемија на овој вирус ги зафатил Судан и Конго во 1976 година. Вирусот се пренесува преку крв, други телесни течности и преку заразено ткиво на луѓе или животни. Одредени видови на овој вирус можат да бидат екстремно фатални, па така во Судан стапката на смртност досега била 71%, додека моменталната епидемија во Африка е најголема во историјата според СЗО.

3. Беснило

Иако вакцините кои биле применети уште од 20-те години на минатиот век и со тоа драстично се намалила појавата на болеста, меѓутоа таа и понатаму претставува сериозна закана во Индија и одредени делови на Африка. Вирусот го напаѓа нервниот систем и мозокот, и според симптомите е една од најлошите болести во светот. Вакцините и антибиотиците успешно ги лечат заболените, меѓутоа процентот на смртност во случај терапијата да не се прими е 100%.

4. ХИВ

Во модерниот свет, титулата на најсмртоносен вирус би можел да го пренесе ХИВ. Скоро повеќе од 36 милиони луѓе починале од овој вирус од првото откривање на болеста, во 80-те години од минатиот век. Силните лекови на заболените им овозможуваат да го продолжат својот животен век, но болеста и понатаму владее во земјите со ниски приход, во кои се наоѓаат околи 95% оф заболените. Според податоците на СЗО, една од 20 возрасни луѓе од Субсахарска Африка е заразена со ХИВ.

5. Големи сипаници

После илјада години борба против големи сипаниси, во 1980 година СЗО прогласи победа над оваа болест. Заразата која убивала еден од три заболени оставала трајни лузни. Стапката на смртност била поголема во земјите надвор од Европа, чија популација имала послаб контакт со болести, се`додека населението ги донело со себе. Се верува дека скоро 90% од домородното население во Америка починало од сипаници. Само во 20-от век, големите сипаници убиле повеќе од 300 милиони луѓе.

6. Хантавирус

Овој вирус прв пат бил забележан во Америка во 1993 година, кога еден млад пар од племето Навахо починал само неколку дена после првите симптоми од болеста. Неколку дена подоцна, научниците успеале да го изолираат вирусот од крв на елени кои ги пронашле во близина на куќата на заразеното семејство. До денес, повеќе од 600 луѓе заболеле од хантавирусот, од кои 36% од случаите завршиле фатално.

7. Инфлуенца (вирус на грип)

Во текот на сезоната на грип речиси 500.000 луѓе во светот умираат од оваа болест. Од време на време, кога се појавува нов вид на грип, можна е пандемски размер на болеста – со неверојатна стапка смртност. Најсмртоносниот грип во човечката историја, познат како шпанска треска, се случил во 1918 година и заразил 40% од светското население при што починале повеќе од 50 милиони луѓе.

8. Треската денга

Вирусот на треската денга за прв пат се појавил во 1950-те години на Филипините и Тајланд и од тогаш се проширил во тропската и суптропската зона. Според СЗО, од оваа болест заболуваат 50 до 100 милиони луѓе годишно, но смртната стапка во однос на другите болести е значително помала – околу 2.5%. Најчест носител на вирусот се комарците, а поради климатските промени болеста се` побрзо се шири. Аконе се лекува треската може да доведе до сличен резултат на еболата, а смртната стапка може да достигне до 20%.

9. Ротавирус

Во модерното време две вакцини се способни за запирање на вирусот кој најчесто ги напаѓа новороденчињата и малите деца. Вирусот се шири за брзо време и манифестира гастроинтестинални проблеми. Како и другите болести, и оваа болест е фатална во неразвиените делови на светот – 430.000 деца под пет години починаа од ротавирус инфекција во 2008 година.