Шпанскиот гигант го сака Столе Димитриевски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски оваа сезона пружа одлични партии во дресот на Рајо Ваљекано, па го привлече вниманието на поголемите клубови во Шпанија.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Валенсија во неколку наврати испраќала скаути да го следат македонскиот голман и сака на лето да го донесе Столе Димитриевски на „Местаља“.

„Лилјаците“ најверојатно нема да обезбедат учество во ЛШ, што ќе значи и намалување на буџетот за наредната сезона, а еден од првите кои ќе си заминат се очекува да биде голманот Нето, проценет на 18 милиони евра.

Последните информации од Шпанија велат дека Валенсија испратила скаути на натпреварите на Рајо Ваљекано против Леганес и Еспањол да го следат токму Димитриевски кои им е на списокот на потенцијални летни засилувања.

Мадридскиот клуб неодамна потпиша договор со Димитриевски на три и пол години, односно до јуни до 2022 година, но јасно е дека за адекватна понуда сериозно ќе размисли да го продаде Македонецот.

Од друга страна за Димитриевски тоа ќе биде шанса за целосна афирација во европскиот фудбал, бидејќи Валенсија е еден од најголемите шпански клубови и настапува во Европа.

Скаутите на Валенсија и во наредните натпревари ќе ги следат настапите на македонскиот репрезентативец, пред да одлучат да испратат официјална понуда до Рајо Ваљекано.