„Шпанска серија“ меѓу сопругата и љубовницата од сопругот – првата заврши в затвор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сопругата од еден неверен Холанѓанец предизвикала вистинска драма со љубовницата од својот сопруг која ја намамила во својот стан, ја врзала, и ставила лут сос во половиот орган, а на крај и ја избричила и главата.

Инцидентот се случил во холандскиот град Зундерт, а жената идентификувана како Халима, е осудена на 160 дена затвор поради напад.

Халима исто така мора да одработи 120 часа добротворна работа, да оди кај психолог и да и плати на жртвата 52.000 евра оштета, пишува Mirror.

Откако дознала дека мажот ја изневерува со една од нејзините пријателки, Халима со сосетката смислила план и ја намамила љубовницата во својот стан, каде ја совладала, врзала, па и ставила лут сос во вагината, на крај и ја избричила главата и ја истепала.

На суд изјавила дека на мажот ќе му даде втора шанса, иако планирала да се разведе.

-Сакав да се разведам, но неочекувано останав трудна. Моите деца се се уште премали. Му простив, но не заборавив, кажала Халима.

Сосетката на Халима е осудена на три месеци затвор поради помагање во нападот