Home Вебкафе Шокантно: Масовна бејзбол тепачка поради провокација од пред 3 години (видео)

Шокантно: Масовна бејзбол тепачка поради провокација од пред 3 години (видео)

Сан Франциско Џајнтс ги победија Вашингтон Нешналс со резултат од 3:0, но еден друг настан од овој бејзбол натпревар ја шокираше американската спортска јавност.

Имено, фрлачот на Џајнтс, Хантер Стрикленд, фрлајќи топка која достигна брзина од 157,7 км/час, го погоди телото од гостинскиот играч Брус Харпер.

Харпер сметаше дека тоа не е случајно, туку веројатно си помисли дека е одговор на Стрикелнд на неговата прозивка од пред три години, кога во клучен момент од еден плеј-оф натпревар му обезбеди триумф на својот тим, па ги провоцираше Џајнтс.

Харпер беше убеден дека Стрикленд, во првиот меѓусебен натпревар после три години, на овој начин решил да му се одмазди, па се затрча кон противникот и започна тепачка. Набрзо целата ситуација прерасна во општ хаос, а согирачите најтешко го смируваа фрлачот Стрикленд, за кого беа потребни дури тројца играчи да го тргнат од теренот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Меѓу светлината на рефлекторите и темнината на болеста: Емилија Кларк како симбол на храброст

МЕЃУ СВЕТЛИНАТА НА РЕФЛЕКТОРИТЕ И ТЕМНИНАТА НА БОЛЕСТА: ЕМИЛИЈА КЛАРК КАКО СИМБОЛ НА ХРАБР…