Голотијата е нејзино второ „јас“: Хајди Клум со книга од нејзините разголени фотки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една од светски најпознатите манекенки Хајди Клум издаде книга-албум, што содржи фотографиите кои ги направила со познатиот фотограф Ранкин во последниве десет години, а меѓу нив има и такви на кои Германката е сликана гола.


„Кога се одлучи за овој потег? Пријателите зачудено ме прашуваа зошто баш на 43 години се соблекувам гола? Си помислив: А, зошто да не? Женското тело треба да се слави, не е важно колку години имате ако се чувствувате самоуверено и задоволно“, истакна Хајди.

Сепак, ова не и е првпат да се соблече пред камерите. Призна дека и во младоста правела таква фотографии, но тие не му ги покажала никому, оти била срамежлива.