Шокантни споредбени фотографии од медицинска сестра пред почетокот на КОВИД-19 пандемијата и денес


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медицинска сестра ја остави шокирана пошироката јавност откако сподели споредбени фотографии на кои се гледа како изгледала таа пред почетокот на пандемијата од КОВИД-19 и денес, кога истата го тресе светот со нејзиниот втор бран.

Кетрин Ајви, е медицинска сестра од Америка која работи на одделот за интензивна нега, таа на Твитер сподели свои фотографии од тоа како изгледала пред пандемијата и како изгледа сега. Како што вели, таа кариерата ја започнала непосредно пред пандемијата.

„Ја обожувам својата работа, го сакам тоа што го работам. Не очекував дека кариерата ќе ја започнав во ваква крајноисполитизирана пандемија, но животот, како и пандемијата е брз и непредвидлив. Во овој момент не би правела ништо друго освен својата работа. Грижата за пациенти ми е чест и благодарна сум за оваа шанса“, вели таа.

Додала и дека ја уништува тоа кога гледа како умираат луѓе чија смрт можела да се спречи.