Сончева среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


25 ноември носи утрински ниски температури и деумна појава на магла во котлините. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер.

Дневните теператури ќе достигнат во Скопје 9 Целзиусови степени, Маврово и Охрид 10, Битола, Крива Паланка и Кавадарци 11, Берово 12, Дојран 16 степени.

И утре ќе имаме сончево време со мала локална облачност и претежно тивко. Наутро ќе е студено и по котлините и вдолж Повардарие ќе има услови за појава на магла. Дневните температури ќе се движат од 9 до 16 степени.