Home Спорт Шок: Иниеста го поддржа Реал и предизвика „бура“

Шок: Иниеста го поддржа Реал и предизвика „бура“

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста предизвика вистински шок кај фановите и во медиумите кога на неговиот официјален Твитер профил беше објавена поддршка за Реал Мадрид пред мечот во Евролигата против Олимпијакос.

Конкретно, Иниеста на својот профил објави фотографија на најдобриот кошаркаш на „јралскиот“ клуб, Серџи Лула, а под сликата стоеше познатиот поздрав „Хала Мадрид“.

Како што дознаваат шпанските медиуми оваа објава е плод на грешка, односно недоразбирање меѓу Иниеста и човекот кој му ги уредува социјалните мрежи. Треба да е напомене дека „спорната“ објава набрзо беше избришана од профилот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…