Шампионите на прием кај Заев – Владата со премија од 600.000 евра за Вардар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Премиерот на Македонија, Зоран Заев, денес ги пречека на прием кај него во кабинет ракометарите од европскиот клупски шампион Вардар, после нивното второ освојување на оваа престижна и најзначајна клупска титула во Европа.

Заев соопшти дека ќе и предложи на Владата да му додели на клубот 500.000 евра како награда за постигнатиот успех. Агенцијата за млади и спорт ќе додели плус 100.000 евра, а 100.000 евра ќе додели и Град Скопје, пренесува Фокус.

„Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт. И веднаш, уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму. Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции. Вие им носите радост на граѓаните, а државата ќе возврати со влог во иднината на македонскиот ракомет и македонскиот спорт. Честитки Вардаре!“, рече Заев.