Екстра

Селото во кое процветала генијалноста на Леонардо Да Винчи

Пеперутки леткаат околу стотици години старите маслинови дрва во Винчи, тосканското селце во кое е роден генијот на уметноста и иновациите Леонардо Да Винчи. Таму славниот ренесансен мајстор и иноватор како дете почнал да ја кали својата креативна генијалност.

И додека локалното население се подготвува за 2 мај, кога ќе биде одбележана 500-годишнината од смртта на Леонардо, малку работи се смениле во ова местенце од времето на славниот уметник. Лозјата, ливадите, рекичките кои се појавуваат на неговите брилијантни слики уште се тука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marco ?? ?Milano (@mponz7) on

Авторот на славните уметнички дела „Мона Лиза“ и „Тајната вечера“ (две од неговите голем број славни уметнички творби) својата инспирација ја црпел од скромната селска околина, сметаат експертите и познавачите на делото на Да Винчи.

„Пејзажите, впечатоците, мотивите кои влијаеле на Леонардо останати се речиси недопредни од негово време до денес“, вели Роберта Барсанти, директорка на музејот посветен на Леонардо во селото Винчи.

„Од неговата родна куќа, недалеку од селото, и денес можеме да ги видиме глетките кои ги насликал во Пејзаж, неговиот најран познат цртеж кој датира од август, 1473 година“, вели Роберта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Zalar (@ana.zalar) on

Леонардо бил импресиониран од водениците околу Винчи, како и рекичките на кои биле изградени тие. Екпсертските познавачи на неговите дела велат дека динамиката на живеење во Винчи, дури и колоквијализмот на неговите жители, одѕвонуваат во делата на Леонардо.

„Леонардо е одраз на неговиот роден крај. Во своите дела тој вклучил многу негови пејзажи, сцени и мотиви, а во своите трудови го вклучил и јазикот на самите селани“, вели Никола Баронти, претседател на здружението „Vinci nel cuore“ (Винчи во срцето).

„Кога ги опишува своите иновации, се користи со локалниот дијалект од Винчи. Некои од изразите на тој дијалект ги направил и бесмртни, па и денес се користат во светот на инженерството“, додава Баронти.

Скриени потписи

Туристите кои го посетуваат Винчи можат да се шетаат по патеките по кои шетал и Леонардо пред пет века и да уживаат во глетките од истите потоци и лозја во кои уживал и тој. Селото го добило името по видот на бреза vinchio, чии меки гранчиња селаните ги користеле за врзување на виновите лози.

Типичните тоскански јазли се чест мотив во уметничките дела од тој крај.

„Тие испреплетени јазли кои потсетуваат на плетката типична за родното место на Леонардо можат да се пронајдат на многу негови слики, вклучително и на облеката од Мона Лиза“, вели Баронти.

„Тие се скриени потписи на големиот мајстор кој преку нив како да ни порачува: Навистина, заминав, но од овде потекнувам“, додава локалниот историчар.

Advertisements
To Top