Села му се налути на Заев: Откажа средба поради одземени надлежности на Таравари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во знак на револт поради одземањето на ингеренциите на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари во образованието, Зијадин Села му ја откажал средбата на премиерот Зоран Заев која требаше да биде одржана денес. На истата требаше да разговараат за обезбедување на поддршка за консензуален кандидат за претседател на државата на претстојните претседателски избори.

Заев остава простор за натамошна комуникација и, како што вели, го разбира револтот, но законите мора да се спроведуваат.

„Се слушнав со господинот Зијадин Села. Во знак на револт поради одземани надлежности во образованието на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари од страна на Министерството за образование тој ја откажа средбата. Се надевам, оставивме простор за комункација заради тоа што тоа е вредно. Јас работам и со самото Министерство, законите мора да се спроведат секако, да ги гледаме позитивните основи на самите закони, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања, по пуштање во употреба на новата сала за јавни услуги од повеќе институции.

Вели дека како поранешен градоначалник е свесен што значи одземањето на надлежностите на која било општина без оглед дали е тоа Струга, Куманово, Гостивар.. и најави дека ќе се бара решение на заедничка средба со градоначалникот на Гостивар и министерот за образование.

„Го сфаќам револтот, драго ми е што се слушнавме со Зијадин Села и веројатно ќе најдеме друг начин на комуникација која што ќе конвергира кон оваа важна одлука за државата. Останувам оптимист. Неможам да кажам дали сум сигурен заради тоа што допрва следуваат одлуки на органи и тела на политичките субјекти со кои се сретнав и со кои ќе се среќавам“, изјави Заев, посочувајќи дека очекува позтивен потик за целиот процес и на утрешната средба со Билал Касами од БЕСА.