Сексапилната „црна вдовица“ ја издува конкуренцијата: Таа е најплатена актерка за 2018


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Улогата на хероината Црна вдовица од тимот суперјунаци на Marvel, згодната и заводлива актерка Скарлет Јохансон оваа година ја лансираше на самиот врв од листата на Forbes со најплатени актерки за 2018.

Скарлет оваа година се најде на тронот од листата на Forbes со актерки со најголема заработка. Улогата во дури пет стрип адаптации на Marvel беше клучна за оваа 33-годишна актерка од 1 јуни 2017 до 1 јуни 2018 на своето банкарско конто да инкасира 40,5 милиони долари, со што четирикратно ја зголеми својата заработка во однос на минатата сезона.

Со заработка од 28 милиони долари, зад неа на второ место се најде Анџелина Џоли, главно благодарение на исплатата за улогата во филмот Maleficent 2, кој во кината треба да се најде во 2020 година.

Од листата со десет најплатени, а истовремено и од тронот за најплатена актерка за минатата сезона, оваа година испадна оскаровката Ема Стоун.

Анистон уште дебело заработува на „Friends“

На третото место се најде 49-годишната Џенифер Анистон, која уште профитира од улогата во познатата комична серија „Friends“, со 19, 5 милиони долари годишна заработка, а на четврто место е 28-годишната Џенифер Лоренс со 18 милиони долари приход во изминатата сезона, шест милиони долари помалку во однос на претходната.

На петто место е Риси Витерспун со 16,5 милиони долари, а после неа следат Мила Кунис, Кејт Бланшет, Мелиса МекКарти и Гал Гадот.

Од Forbes велат дека поради помалку женски улоги, актерките имаат помали шанси за заработка на поголеми суми и додаваат дека оваа година само две актерки ја надминаа заработката од 20 милиони долари, во однос на трите во 2017 година и четирите во 2016 година.

Листата со најплатени актери ќе биде објавена следната недела.