„Секогаш сум била слаба, но сега сум како бик“: Нема шанса да погодите колку години има


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На прв поглед, сигурно нема да и дадете повеќе од 25 години. Но, оваа чоколадна убавица има двојно повеќе. Разликата е во тоа што живее здрав живот и редовно вежба, за да има таков изглед.

A post shared by LAILA (@lailawhite_pib) on

Многу средовечни жени се борат со брчките, опуштена кожа и постпородилно стомаче, но таквите проблеми за 50 годишната мајка на две деца, Лајла Вајт, од Сингапур се само апстракција. На нејзиниот изглед можат да позавидат и двојно помлади девојки.

Лајла својата идеално дефинирана фигура ја одржува во форма изминативе 20 години, придржувајќи се на строги диети и режими на вежбање. Работи како личен тренер и открива дека вежбањето ја зголемило нејзината самодоверба и помогнало од слабичка девојка да стане „силна како бик“.

A post shared by LAILA (@lailawhite_pib) on

A post shared by LAILA (@lailawhite_pib) on

„Секогаш сум била слабичка, дури и после породувањата со моите деца. Да се биде домаќинка и мајка беше моја единствена и постојана кариера. Сфатив дека тоа е еден од најтешките предизвици и работи на светот. Бев импресионирана од телесната трансформација на брат ми кога влезе во национална служба на 18 години. Ми покажа неколку вежби кои ме заинтригираа и мотивираа да се запишам на курс за инструкторка по аеробик“, открива Лајла за Daily Mail.

A post shared by LAILA (@lailawhite_pib) on

Тренира пет до шест дена во неделата, а вежбите се состојат од 45-минутен тренинг за сила и 45-минутна кардио програма или јога. Главно јаде риба, пилешко и зеленчук, а има осумдесет килограми. Меѓутоа, вели дека некои луѓе имаат негативни коментари за нејзиниот мускулест изглед.

A post shared by LAILA (@lailawhite_pib) on

Лајла ги повикува сите оние кои сакаат да трансформираат своето тело, тоа да го сфатат како етапен процес, додавајќи: „Тоа не е успех преку ноќ. Немојте одма да целите на резултати, бидејќи тоа може да доведе до повреди. Информирајте се, читајте и гледајте од вистинските извори. Тоа е начин на живот, а не една точка. Заљубете се во процесот. Тоа е патување, набљудувајте како се развивате и славете го секое достигнување, а од секој неуспех учете ја лекцијата“.