Сега и за на Месинџер ќе мора да имате Фејсбук профил


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Технолошкиот гигант и најпопуларна социјална платформа Фејсбук предновогодишните празници и одмори ги користи за да воведе новитети во условите условите за пријавување на Месинџер профилите.

Отсега, за пријавување на Месинџер е задолжително, покрај профил на оваа платформа, да имате и Фесбук профил.

Промената помина тивко, но е потврдено дека за ново пријавување на Месинџер е потребен Фејсбук профил.

„Доколку сте нов корисник на апликацијата Месинџер ќе приметите дека ви е потребен Фејсбук профил за допишување со пријателите. Увидовме дека повеќето луѓе кои користат Месинџер, веќе имаат и Фејсбук, па сакаме да го поедноставиме процесот. Ако веќе користите Месинџер без да имате Фејсбук профил, нема потреба ништо да менувате“, велат од компанијата,

Оние кои Месинџер го користеле претходно без Фејсбук профил, тоа можат да го прават и во иднина. Меѓутоа новите корисници, немаат избор.